Ѓоковиќ со една изјава ги загрижи сите фанови, а потоа го извади крстот и го бакна (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир во Париз, откако со 2:0 во сетови го победи Стефанос Циципас. За Ѓоковиќ ова е четврто олимписко полуфинале, но тоа е негов најголем успех, затоа што во претходните три ситуации, никогаш не успеал да стигне до финалето и борбата за златото.

Веднаш по мечот, Ѓоковиќ даде изјава со која ги загрижи неговите фанови, откривајќи дека имало момент кога се повредил.

„Да, загрижен сум. Не знам ни самиот дали се удрив, дали се лизнав. Се личеше на тоа што ми се случи во четвртото коло на Ролан Гарос. Тогаш успеав да го завршам мечот и победив, но следниот ден се откажав. Што треба да се случи? Ова треба да се случи, се моам на Господ да биде се во ред“, рече Ѓоковиќ кој го извади крстот што го носи на ланчето и го бакна.

https://twitter.com/i/status/1819097192302542995

- Оглас -

Најнови вести