Ѓоковиќ со урнебесна реакција откако мечот беше прекинат поради тоа што се случуваше во Дизелдорф (Видео)

Новак Ѓоковиќ успешно го помина и третото коло на Вимблдон, откако во меч кој траеше повеќе од три часа го победи Алекс Попирин од Австралија. Сепак, навивачите кои беа на трибините на централниот терен на Вимблдон, освен на тенисот, беа фокусирани и на фудбалот.

Додека играа Ѓоковиќ и Попирин, на Европското фудбалско првенство во Дизелдорф играа Англија и Швајцарија. За да се дознае победникот на фудбалскиот терен мораа да се шутираат пенали, а кога се дозна дека Англија победи и оди во полуфинале, на трибините на Централниот терен на Вимблдон, фановите започнаа да се радуваа.

Ѓоковиќ и Попирин сфатија зошто е таа реакција, па Србинот во еден момент покажа како да шутира топка со нога, да биде во тек со радоста на фановите на трибините.

„Претпоставувам дека беа пенали. Честитки за Англија. Јас пеналите ги шутирам со лева нога“, рече Ѓоковиќ по мечот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)

- Оглас -

Најнови вести