Ѓоковиќ тргнува по деветта титула во Мелбурн против тенисер со кого има биланс 13:0

Новак Ѓоковиќ ќе тргне во поход на деветтата титула на Отвореното тениско првенство на Австралија против Жереми Шарди, тенисер од кого нема пораз во кариерата.

Првиот носител на турнирот е апсолутен фаворит, а билансот од 13:0 во меѓусебните дуели со првиот ривал на стартниот гренслем во сезоната доволно говори за односот на силите.

Вториот носител, Рафаел Надал, ќе ја почне мисијата за прво место на вечната листа со најмогу гренслем-трофеи против Ласло Ѓере од Србија. Шпанецот има само една титула на Отвореното тениско првенство на Австралија, а ако триумфира, со 21 пехар ќе го престигне Роџер Федерер како најтрофеен гренслем-шампион. Двајцата големи асови на тениската игра засега имаат по 20 трофеи на четирите најценети турнири, но Федерер нема да има можност за нов успех бидејќи нема да настапи во Мелбурн.

Надал ќе има потешка задача од Ѓоковиќ за да стигне до финалето бидејќи можни противници ќе му бидат Доминик Тим, Медведев, Беретини…

Ѓоковиќ би можел да игра со Вавринка и Зверев од потешките ривали на патот кон ново финале во Мелбурн.

Кај дамите првата носителка Ешли Барти ќе стартува против Ковиниќ, Халеп, која е рангирана зад неа,  за противничка ја доби Кабрера, тежок почеток ќе има 7-кратната шампионка во Мелбурн, Серена Вилијамс. Ждрепката одлучи прва противничка на Американката со вкупно 23 гренслем-титули во кариерата да ѝ биде Лаура Зигмунд од Германија.

Софија Кенин која ја брани титулата ќе игра со Мадисон Инглиш, а турнирот и во машка и во женска конкуренција ќе почне со натпревари во понеделник.

- Оглас -

Најнови вести