Ѓоковиќ за крај сервираше и шега до Кирјос: Каков однос имавме, на никој не му се верува колку те фалам

Новак Ѓоковиќ како голем господин и спортист имаше само пофални зборови за Ник Кирјос. Австралиецот неколкупати покажа дека е достоен противник иако играше во неговото прво гренслем финале во кариерата.

Новак дочека момент да се пошегува за нивниот однос, кој во минатото беше доста лош, но изминатиов период се зближија.

„Ник, ќе се вратиш тука, не само на Вимблдон, туку општо во финални натпревари. Покажа дека заслужи што играше финале и дека си еден од најдобрите тенисери во светот. Полека твојата кариера се склопува по вистински пат, имаш огромен талент и врвен атлетичар си. Со оглед на односот кој го имавме, никогаш не помислив дека ќе те фалам до толку. Сега ќе частиш вечера, а се надевам дека ова е почеток на едно убаво пријателство“, истакна Ѓоковиќ, па се надврза околу победата:

„Имав смао пет години кога го гледав Пит Сампрас како го освојува неговиот прв  Вимблдон. Тогаш ги замолив моите родители да ми купат рекет. Благодарен сум што учествувам и славам на овој турнир, заслужено е најпрестижен“, додаде шампионот.

Како победник на гренслемот, Ѓоковиќ заработи 2,5 милиони долари, што е рекордна награда и за 400.000 долари поголема од лани.

- Оглас -

Најнови вести