Ѓоковиќ за противник сега има тенисер од кој еднаш има загубено

Британскиот тенисер Кајл Едмунд е следниот ривал на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, и тоа во рамките од второто коло на гренслем-турнирот во Њујорк. Едмунд, кој е на 44 место на АТП-листата, во првото коло со 3:1 во сетови го победи Александр Библик од Казахстан, а сега по седми пат ќе се срете со Ѓоковиќ.

Србинот е голем фаворит не само во мечот против Едмунд, туку и за освојување на ОП на САД, но факт е дека Британецот успеал еднаш да го победи Ѓоковиќ.

„Ова е меч во кој немам што да загубам. Успеав еднаш да го победам Новак, но многу повеќе пати имам загубено. Ѓоковиќ е врвен играч и многу е тешко да му парира некој“, вели 25-годишниот Едмунд.

Во последните неколку години, Британецот нема многу успех на гренслем-турнирите. Последен пат успеа да се пласира во третото коло на еден гренслем во 2018 година на Вимблдон, кога беше елиминиран токму од Ѓоковиќ. Овие двајца тенисери еднаш имаат играно и во Њујорк. Во 2016 година, Ноле во осминафиналето лесно со 3:0 во сетови го победи ривалот, а потоа стигна и до титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести