Ѓоковиќ конечно ќе игра во 2022 година, прв противник му е тенисерот што му е благодарен за настапот на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ конечно ќе игра тенис во 2022 година, а има интересен прв ривал на АТП турнирот во Дубаи.

Од понеделник стартува тенискиот настан со награден фонд од 2,75 милиони долари, а Новак како топ-фаворит ќе направи сефте против големиот пријател Лоренцо Мусети.

Италијанскиот тенисер му е благодарен на Ѓоковиќ што со прекрасен гест лани му овозможи да настапи на Вимблдон.

Двајцата играа меѓусебе во осминафиналето на Ролан Гарос и Новак го победи Мусети, откако изненадувачки губеше со 0:2 во сетови, а потоа приреди извонреден гест.

Мусети истиот ден имаше испит на факултет, па се најде во временски цајтнот и поради строгите Ковид протоколи беше во опасност да не настапи на гренслемот во Лондон.

Новак веднаш реагираше и му понуди превоз со својот приватен авион за Мусети навреме да стаса во Лондон и да игра на Вимбдлон.

На почетокот на оваа година и Ѓоковиќ се соочи со многу непријатности и голгота од десеттина дена со лош епилог за него во Австралија.

Заглави во хотел со имигранти во Мелбурн, поради тоа што не е вакциниран, иако имаше виза за влез во Австралија, каде требаше да игра на првиот гренслем во сезоната.

Најрпрво мју беше поништена визата, па потоа и вратена, со конечен епилог, сепак да биде депортиран и без настап на Австралија опен.

Сега за првпат ќе игра во 2022 година на турнир што го освои пет пати.

 

 

- Оглас -

Најнови вести