Гол а ла Меси: Украинецот изведе магија со која ги потопи Швајцарците (видео)

Олександр Зинченко ja донесе победата за Украина од 2-1 против Швајцарија во првото коло од Лигата на нациите, со фантастичен погодок кој потсети на една мајсторија на Лионел Меси.

Фудбалерот на Манчестер сити во 68-мата минута го постави конечниот резултат откако го искористи проигрувањето и од работ на шеснаесетникот ја погоди подалечната страна од голот на Сомер.

https://www.youtube.com/watch?v=TfHcmWTVG4s

Начинот на кој Зинченко шутна и погоди потсети на мајсторијата на Меси против Реал Бетис, па ако Аргентинецот потпише за Граѓаните, младиот Украинец ќе може да учи од него и да го усоврши овој удар.

https://www.youtube.com/watch?v=zSVUE9tFAOc

- Оглас -

Најнови вести