Гол или автогол, не е ни важно – Германките ја победија Шпанија (Видео)

Во дербито на второто коло во групата Б на женскиот Мундијал, Германките на чуден начин ја победија Шпанија со 1:0.

Победничкиот гол ѝ се запиша на Сара Дабриц, иако личи и на автогол, но за Германките тоа не е ни важно, се бројат бодовите.

Шпанија доминираше во продолжението од мечот, имаше повеќе удари кон голот на противничките, но не успеаја да освојат барем еден бод.

Германија со две победи на два меча е лидер на табелата, а зад нив е Шпанија со три бода. Кина и Јужна Африка имаат по еден меч помалку и се без бодови.

- Оглас -

Најнови вести