Гол на денот во Скопје – Финците опасно нѐ насамарија со брилијантна акција во три потези (Видео)

Денеска се играа многу пријателски натпревари, дел како загревање за настапот на репрезентациите на Мундијалот во Катар, дел како тест за можностите пред квалификациските дуели идната година за континенталните првенства, а голот на денот падна во Скопје.

За жал, не го даде Македонија, туку Финците по брилијантната акција во првото полувреме.

Едноставно, во три потези нѐ матираа во 37-мата минута, а целата акција беше убава. Дебитантот Анси Сухонен мајсторски одигра со петица до искусниот Џоел Похјанпало, а овој со навремен пас го исфрли сам на бришан простор Оливер Антман.

И напаѓачот на Нордсјиланд реагираше мајсторски и на интересен начин ја протна топката во мрежата, па Столе Димитриевски беше немоќен.

Мечот заврши нерешено 1:1, а Македонија повторно ќе игра на 20 ноември и пак во Скопје, сега против Азербејџан во 14 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести