Калгари флејмс го доби дербито против Њујорк ајлендерс со 4-2 остварувајќи ја третата последователна победа. Лидерот на Западната конференција се зацврсти на врвот, а воедно им се реваншираше на Островците за претрпениот пораз од минатата сезона пред своите навивачи.
Беклунд и Хамоник погодија за домаќините во воведниот период, а Цизикас во вторите 20 минути ги врати надежите за екипата од Големото Јаболко. За помалку од две минути игра во решавачката третина, Ли погоди за 2-2, но двата брзи гола на Калгари постигнати за трисесетина секунди ги решија сите дилеми во дербито.
Колорадо аваланш со убедливите 7-1 стигна до двојна победа над Винипег џетс. Во гол-шоуто дури седум различни хокеари по еднаш ја затресоа мрежата на Џетси, од кои пет гола се постигнаа во последниот период.
Чикаго блекхокс во допонителен период успеа да слави на гостувањето кај Детроит со 5-4. Гостите тргнаа фуриозно и поведоа со 3-1 по првите 20 минути игра, додека Кејн погоди за 4-1 и има добра предност пред почетокот на последната третина. Ред вингс, сепак, со двата гола на Атанасиу и еден на Ларкин се избори за продолженија, но Кејн беше човекот од одлука, кој по повеќе од две минути игра, ја донесе посакуваната победа за Чикаго.
Бостон бруинс од Вегас замина со тешко издвоена победа над Голден најтс по пенали. Резултатот во регуларниот дел од средбата гласеше 2-2, а Бекес и Дебруск беа прецизни за гостите во пенал-рулетот.