Гол-шоу во Дортмунд и во Франкфурт за печат на 2018 година

Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах (петок, 20.30 часот)

Верувам дека Борусија Дортмунд нема да потклекне под притисокот по неочекуваниот пораз од Фортуна и брзо ќе се врати на победничките патеки. Играат најубав фудбал во Германија во досегашниот дел од сезоната, на домашен терен немаат порази и очекувам триумфално да ја завршат 2018 година.

Гостите од Менхегладбах исто така имаат одличен дел од сезоната, но играат малку послабо на гостински терен, што е предност за тимот од Дортмунд.

Предлог тип: 1&3+ (2.04)

 

Хановер – Фортуна Дизелдорф (сабота, 15.30 часот)

Ова е дерби на долниот дел од табелата и Хановер, кој според мене има подобра екипа, нема да ја пропушти шансата да победи.

Фортуна игра подобро во финишот на годината, но на ваквите дуели најчесто пресуден е домашниот терен. Хановер нема победа на пет меча по ред, но сега е ред за радост и освојување на трите бода.

Предлог тип: Т1 2+ (2.05)

 

Баер Леверкузен – Херта (сабота, 15.30 часот)

Очекувам победа на домашниот тим. Играат за нијанса подобро од Херта во моментов, на „Бај арената“ се фаворити и се поблиску до трите бода.

Патем, Баер има четири победи на домашен терен против Херта на последните пет натпревари, што на некој начин покажува дека им одговара играта на гостите од Берлин.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

Лајпциг – Вердер (сабота, 15.30 часот)

Лајпциг ќе нападне од самиот старт на мечот за што побрзо да ја осигури победата, која и според мене е реална опција. Вердер има само порази на последните гостувања кај Лајпциг, домаќините повторно имаат амбиции да се пласираат во Лигата на шампионите и овде ќе типувам предност на домашниот тип на полувреме и нивна победа најмалку со 3 голови на мечот.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.00)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Баерн (сабота, 18.30 часот)

По традиција на нивните мечеви има доста голови, а последните три беа најмалку 4+. И сега очекувам голеада во Франкфурт, секако, посакувам победа на мојот потранешен тим Ајнтрахт, кој е незгоден ривал за Баерн во последно време, но, според мене, најдобра опција за обложување е играта на голови.

Предлог тип: 4+ (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести