Гола девојка се појави да го изведе почетниот удар како дел од необична прослава (Видео)

Пријателскиот меч меѓу Унгарија и Колумбија одигран на 2 јуни 1990 година ќе биде запамтен по една необична ситуација. Тоа е дуелот којшто го имаше најлудиот почетен удар на мечот.

Додека фудбалерите и судиите се подготвуваа за почеток, на теренот се појави девојка облечена само во гаќички. Капитен на Колумбија во тој период беше легендарниот Карлос Валдерама, кој збунето ја гледаше девојката, која ја шутна топката од центарот, а потоа си замина.

Причината поради која голата девојка се појави на центарот е интересна. Се славеше падот на комунизмот во Унгарија и денот на слобода на жената, па беше решено на овој начин да се прослави.

Од фудбалскиот аспект, Унгарија победи со 3:1.

- Оглас -

Најнови вести