Голчиште на Лаутаро Мартинес, веднаш Алексис Санчес го помати со глупост (Видео+Фото)

Лаутаро Мартинес постигна фантастичен гол во 62-рата минута за предност на Интер од 1:0 против Ливерпул во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите, но веднаш потоа само за 60 секунди Алексис Санчес направи глупост, заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Мартинес постигна голчиште и го прекина постот од 10 меча без погодок, но Интер сега ќе мора да брка уште еден гол за евентуални продолженија со играч помалку.

Голот на Аргентинецот можете да го погледнете ОВДЕ.

Санчес и претходно во првото полувреме требаше да биде исклучен по грубиот старт со отворен ѓон во дуелот со Алкантара, но куртули, иако имаше и ВАР-проверка.

На шампионот на Италија му треба уште еден гол за надеж бидејќи загуби со 0:2 во Милано на првиот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести