Валенсија го слави Столе Димитриевски, беше играч на мечот во победата над Атлетик Билбао

Валенсија минимално со 1:0 славеше на гости кај Атлетик Билабо во меч од 35. коло во шпанското првенство. Со оваа победа Валенсија стигна до 42 бодови и сега е на 12 место на табелата, па сега тимот е мнгоу блиску до спас од испаѓање.

Херој на Валенсија беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој едноставно беше несовладлив. Димитриевски едноставно ги откажа домашните фудбалери, па иако упатија дури 14 шутеви кон голот на Валенсија, тимот на Атлетик не постигна ниту еден гол.

По завршување на мечот, Димитриевски беше убедливо најдобро оценет играч на теренот.

- Оглас -

Најнови вести