Голд купот со многу изненадувања, карипските земји пишуваат историја (Видео)

Репрезентацијата на Канада која е еден од домаќините на првенството на Северна и Средна Америка, беше шокирана од Гваделупе на таканаречениот Голд куп кој се одржува на секои две години.

Канаѓаните кои пред половина година играа на Мундијалот во Катар и важат за еден од најдобрите тимови на континентот, не успеаја да го победат аутсајдерот, бидејќи во 93-та минута си дадоа автогол за 2-2.

Овој резултат придонесе за испишување на историја на карипските земји, бидејќи за првпат сите пет (Јамајка, Хаити, Гваделупе, Тринидад и Тобаго, и Мартиник) освоија бод или три во првото коло на Голд купот.

- Оглас -

Најнови вести