Голден стејт е катастрофа на гостувањата, Брукс и Грин лице в лице (Видео)

Мемфис гризлис и без Џа Морант, го победи Голден Стејт вориорс со 131-110 во еден од поинтересните натпревари во НБА лигата одиграни рано утрово, а „зачин“ ставија Дилон Брукс и Дрејмонд Грин со нивниот дуел лице в лице.

Вориорс сезонава имаат само 7 победи (и 26 порази) на гостински терен, а против Гризлите уште по првата четвртина се виде дека тимот од Сан Франциско ќе загуби, бидејќи домашните по воведниот квартал водеа со убедливи 48-28.

Брукс и Грин говореа лошо еден за друг во интервјуа, а синоќа на терен се случи и „финалната пресметка“, но иако беа блиску до инцидент, тепачка не се случи.

Сакраменто кингс го победи Њујорк никс со 122-117 и сега Кралевите имаат скор 7-1 после ол-старот. Најголемата заслуга за тоа е одличната форма на Домантас Сабонис. Литванецот направи трипл-дабл, негов трети на овие последни осум меча, а помош доби и Дарон Фокс кој даде 23 поени од кои 15 во последната четвртина.

Индијана пејсерс по продолжение го совлада Хјустон рокетс со 134-125. Тајлер Халибартон имаше 19 асистенции, и сега на последните три меча, играчот на Индијана има вкупно 98 поени и 46 асистенции.

За истакнување е и личниот рекорд од 9 блокади на искусниот Брук Лопез од Милвоки бакс, и тоа против Бруклин нетс, тимот во кој Лопез ги одигра првите девет години од својата НБА кариера. Бакс имаат 19-1 на последните 20 меча.

Погледнете го дуелот на Грин и Брукс:

- Оглас -

Најнови вести