Голден стејт губеше со 52 разлика по три четвртини, Милвоки покажа шампионски карактер

Неверојатен дебакл му се случи на Голден стејт вориорс на гостувањето во Мемфис. Иако кај Гризлис го немаше Џа Морант, домашните го прегазија Голден стејт со 134-95, и тоа Воините малку го ублажија поразот во последната четвртина, откако по три периоди, губеа дури со 52 поени разлика.

Шестиот меч се игра во Сан Франциско и Голден стејт може да ја заврши работата околу пласманот во западното финале.

Милвоки поведе со 3-2 против Бостон по можеби клучната гостинска победа од 110-107. Селтикс имаше плус и од 14 поени разлика во последната четвртина, но НБА првакот направи голем пресврт. Јанис Адетокумбо даде 40 поени, но тоа немаше да биде доволно за победа ако не беа одличните дефанзивни реакции на Џру Холидеј при 108-107 и на крајот при 110-107.

Клучен момент беше блокадата на Холидеј над Смарт:

https://twitter.com/i/status/1524565777613008897

- Оглас -

Најнови вести