Голден Стејт нуди над 54 милиони долари по сезона за првата ѕвезда да остане

Плејмејкерот на Голден стејт вориорс Стеф Кари може да добие нов договор од клубот во кој игра целата кариера. Според најавите од американските медиуми, Кари ќе добие нова понуда за нов четиригодишен договор според кој ќе заработи 217 милиони долари.

Според овој договор, Кари по сезона ќе заработува нешто повеќе од 54 милиони долари. Генералниот секретар на Воините, Боб Мајерс неодамна изјави дека „има големо почитување кон луѓето како што е Кари“.

Кари во Голден Стејт дојде во 2009 година како седми пик на драфтот и целата досегашна кариера е во дресот на тој клуб. За овие 13 сезони, Кари се профилираше како еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата, а според многумина и најдобар. Три пати го освојуваше шампионскиот прстен (2015, 2017, 2018), а два пати беше МВП на лигата (2015 и 2016 година). Досега три пати беше член на идеалната петорка во НБА, факти што само го потврдуваат квалитетот на Кари.

Првата ѕвезда на Воините ја игра претпоследната сезона од актуелнито договор во која ќе заработи 43 милиони долари. Голден Стејт сезонава има 23 победи и 25 порази и моментно се на 10 место на табелата на Западната конференција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести