Голден стејт подготвува максимални договори за „ранетите воини“

Не помина ниту еден ден откако Торонто го тргна Голден стејт од тронот на НБА, а вицешампионот веќе има големи планови за во иднина. Долго време кружат шпекулации за две нивни ѕвезди, Кевин Дурант и Клеј Топмсон каде ќе ги продолжат своите кариери, кои летово треба да бидат слободни играчи.

Дурант го селат во Њујорк, Томпсон во Лос Анџелес, но како што известуваат американските медиуми и двајцата многу веројатно ќе останат верни на Голден стејт. Имено, клубот подготвува максимални договори и за двајцата, односно Дурант и Томпсон да играат за Воините и во следните пет години.

Двете ѕвезди на Вориорс не можеа да му помогнат на тимот во финалната серија против Торонто, а особено поради повреда не играше Дурант. Томпсон се повреди ноќеска, па сега и на двајцата им следуваат подолги паузи.

- Оглас -

Најнови вести