Голден стејт повторно е владетел на западот во НБА, со Томпсон се друга песна (Видео)

Голден Стејт вориорс со 4-1 во победи го елиминираше Далас маверикс, и по шести пат во последните осум сезони ќе игра во финалето на западната конференција во НБА лигата.

Во петтиот меч од западното финале, Воините славеа со 120-110. Клеј Томпсон погоди осум тројки, и со 32 поени беше најефикасен поединец на мечот. Томпсон има шест големи финалиња по ред, и се покажува како клучен фактор. Без него, кога беше повреден, Голден стејт не успеваше да стигне до оваа фаза, а сега се врати, здрав е, и тимот од Сан Франциско повторно дели лекции.

Лука Дончиќ со 28 поени беше лидер на Маверикс, но Далас не можеше против Вориорс. Стеф Кари е прогласен за МВП на западното финале, награда која годинава се доделува по првпат.

Големото финале почнува на 2 јуни, а противник на Голден стејт ќе му биде Бостон или Мајами. Бостон води со 3-2 и вечерва дома ја има првата меч-топка. Предноста на домашниот терен ќе ја има Голден стејт. Евентуалниот седми меч во Сан Франциско би се играл на 19-ти јуни.

Еве како играчите на Годлен стејт ја прославуваа победата:

https://twitter.com/i/status/1530026571720888320

- Оглас -

Најнови вести