Голден стејт се збогуваше со нивниот „брат“ Милојевиќ (Видео)

Голден стејт без многу проблеми славеше на домашен терен против Атланта хокс со 134:112, а мечот го одбележа емотивното збогување од Дејан Милојевиќ, помошник-тренерот на Воините кој ненадејно почина од срцев удар на 47 години.

Сите кошаркари на своите дресови го носеа презимето на Милојевиќ, а тука беа и маичките со натписот „Брате“. Беше интонирана и српската химна, а емотивен говор одржа тренерот на Голден стејт, Стив Кер.

Во салата беа и најблиските на починатиот Дејан, неговата сопруга Наташа и двете деца Никола и Маша.

- Оглас -

Најнови вести