24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Голден стејт стави крај на рекордната серија на победи на Феникс санс (ВИДЕО)

Феникс санс имаше 18 победи едноподруго што претстатуваше нов рекорд на франшизата во НБА лигата, но, Голден стејт стави крај на истата.

„Воините“ водени од кој друг ако не Стеф Кари славеа на домашен терен со 118:96 и со тоа  се вратија на првото место на Западната конференција.

Кари го заврши мечот со 23 поени, пет скока и исто толку асистенции.

Во дербито на Лос Анџелес, пак, се радуваа гостите односно екипата на Клиперси со 115:119.

Иако во домашниот тим играше Леброн Џејмс, гостите водени од Маркиф Морис со 21 и Пол Џорџ со 19, дојдоа до важна победа и се искачија на шестото место на Западот, поминувајќи ги големиот градски ривал.

НБА

Индијана пејсерс – Мајами хит 104:113

Вашингтон визардс – Кливленд кавалирс 101:116

Атланта хокс – Филаделфија 76-ерс 96:98

Бруклин нетс – Минесота тимбервулфс 110:105

Хјустон рокетс – Орландо меџик 118:116

Далас маверикс – Њу Орлеанс пеликанс 91:107

Јута џез – Бостон селтикс 137:130

Голден Стејт ворирос – Феникс санс 118:96

ЛА лејкерс – ЛА клиперс 115:119

- Оглас -

Најнови вести