Дончиќ и повреден постигна 42 поени, Далас прокоцка 19 поени предност и пак загуби од Голден стејт (Видео)

Голден стејт вориорс води со 2:0 во финалната плејоф серија против Далас маверикс во Западната конференција и е поблиску до големото финале од ривалот.

Воините имаа многу проблеми и во текот на вториот период губеа и со 19 поени разлика, но направија огромен пресврт и победија со 126:117.

Лука Дончиќ му се закани на фаворитот со брејк, играше повреден и со специјално помагало на десното рамо и постигна 42 поени, но и тоа не беше доволно за израмнување на 1:1.

 

По бледото прво полувреме на Воините, се разигра Стефон Кари и со шест погодени тројки од 10 обиди стаса до 32 поени и го предводеше тимот до втора победа.

Голден стејт има извонреден биланс од 14-1 во плејоф серии кога имал водство од 2:0 во победи, а единствениот неуспех во таква ситуација им е во финалето во 2016 година кога Кливленд стана шампион и направи пресврт од 0:2 до 4:3 за титула.

Далас сега ќе биде домаќин на следните два меча, а Меврикс веќе беа во ваква ситуација и во претхордната серија со Феникс, кога губеа со 0:2, па минаа понатаму со 4:3 во победи.

Џејлен Брансон постигна 31 поен, Реџи Булок погоди шест тројки од 10 обиди за учинок од 21 поен, но и тоа беше премалку за победа на Далас.

Кај Вориорс покрај Кари одлично одиграа Џордан Пул со 23 поени и изненадувањето Кевон Луни со 21 поен, што му е рекорд во плејоф меч.

 

- Оглас -

Најнови вести