Голеада во Вашингтон, рафал на Овечкин и Хертл и пораз на шампионот

Сан Хозе им се врати на победите по три порази во низа откако со 7-6 на продолжение беше подобар тим од Вашингтон капитолс. „Ајкулите“ го погодија противникот за да ја прекинат лошата серија, на актуелниот шампион не му помогна ниту расположениот Александар Овечкин, кој постигна нов хет-трик.

Гостите поведоа само по 12 секунди игра, но по првите 20 минути, Вашингтон имаше предност од еден гол при резултат од 3-2. Со таков став влегоа и во вториот период. Сан Хозе пак постигна гол во првата минута, но домаќините и по два периоди ја држеа минималната предност. Овечкин во шестата минута од третиот период го реализираше третиот гол на средбата, по што Вашингтон стигна до предност од два гола, но мечот беше далеку од решен.

На 10 минути пред крајот, Хертл погоди за Сан Хозе при предност со играч повеќе на мразот, а потоа асистираше за израмнувачкиот гол, кој Кејн го постигна на една секунда пред финишот на мечот. Во дополнителниот период Хертл го прослави својот хет-трик, а ја реши средбата за помалку од две минути.

Резултати НХЛ:

Вашингтон капитолс – Сан Хозе шаркс 6-7 (по продолжение)

Отава сенаторс – Аризона којотс 2-3

Чикаго блекхокс – Њујорк ајлендерс 2-2 (2-0 на пенали)

Калгари флејмс – Каролина хурикејнс 3-2

Едмонтон ојлерс – Детроит ред вингс 2-3

- Оглас -

Најнови вести