Голем белгиски клуб го моли Фелаини да им помогне да се спасат од распад

Белгискиот прволигаш Стандард Лиеж побара помош од својот поранешен играч Маруан Фелаини и практично го моли да вложи пари во клубот кој има финансиска криза.

Стандард има големи проблеми, соочен е со опасност од испаѓање во аматерска лига, а откриено е дека на играчите не им ги исплатил ветените премии, по што Фудбалската федерација на Белгија на 8 април им ја одзеде професионалната лиценца.

Фелаини, кој во моментов настапува во Кина, кариерата ја почна во Стандард и клубот се надева дека Фелаини ќе го направи тоа што го направи и актуелниот играч на Борусија Дортмунд, Аксел Вицел, кој вложи 1,5 милиони евра во проектот за плаќање на стадионот. Клубот од Лиеж најави дека ќе ја обжали одлуката на Федерацијата и на судењето на 5 мај ќе докаже дека е финансиски способен.

Стандард сезонава играше во групната фаза од Лигата на Европа, беше трети во групата зад Арсенал и Ајнтрахт.

- Оглас -

Најнови вести