Голем човек беше Крањчар, поради ферплеј, на играч му нареди намерно да утне пенал (Видео)

Веста за смртта на хрватската фудбалска легенда, Златко „Цицо“ Крањчар го потресе регионот, човекот беше почитуван и сакан од сите, а за каква човечка големина стануваше збор, говори и потегот кој тој го направи во 2012 година, на мечот помеѓу Ал-Наср и Сепахан од азиската Лига на шампиони. Тогаш како тренер на иранскиот Сепахан, му нареди на својот играч да го утне пеналот затоа што пенал воопшто не требаше да има.

Некогашниот југословенски репрезентативец, прв капитен на хрватската селекција, член на шампионскиот тим на Динамо Загреб од 1982 година, подоцна и селектор на хрватската репрезентација веројатно е единствениот тренер на светот кој побарал од играч намерно да утне пенал.

Тоа го направи од ферплеј побуди бидејќи наместо да им ја врати топката на противниците кои по повреда ја шутнаа во аут, Албанецот Сукај тргна да даде гол и беше соборен од голманот кој притоа доби и црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести