Голем хендикеп за Македонија: Манасков ги скина лигаментите и ќе го пропушти Европското првенство

Дејан Манасков ќе го пропушти Европското првенство во јануари поради тоа што ги скина лигаментите.

Македонската ракометна репрезентација ќе настапи со голем хендикеп откако еден од најдобрите наши играчи доживеа тешка повреда настапувајќи за Веспрем.

Маснаков во понеделникот ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото, а оштетени и се страничните вкрстени лигаменти на р’скавицата.

Тој деновиве ќе мора да замине на операција, а потоа го очекува долг рехабилитациски процес, кој кај вакви тешки повреди трае речиси една година.

Нашата репрезентација во декември го започнува тренажниот процес, додека во првиот месец во наредната година ќе настапи на ЕП. Сепак, селекторот Кире Лазаров ќе мора да го води тимот без еден од најдобрите поединци.

Македонија игра во групата „А“, каде што се уште и селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести