Голем хендикеп за Македонија – Митревски е повреден и нема да брани против Швајцарија!

Првиот голман на македонската ракометна репрезентација и капитен на нашиот национален тим, Никола Митревски, нема да биде во составот за дуелот против Швајцарија. На помалку од еден час до почетокот на дуелот беше соопштено дека Митревски е повреден.

Се работи за напукнат бутен мускул, квадрицепс на две места, повреда која била констатирана по вчерашните лекарски прегледи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести