Голем хендикеп за Норвежаните – Клучните два меча за СП ќе ги играат без Халанд

Борусија Дортмунд објави дека Ерлинг Халанд повторно е повреден, има проблеми со колкот и ќе мора да паузира неколку седмици што особено ќе се одрази кај Милионерите, но и кај норвешката репрезентација.

Се очекува Халанд да пропушти неколку натпревари за Борусија во Бундеслигата и сигурно нема да игра против Ајакс во Лигата на шампионите на 3. ноември, а што е уште полошо и за него и за норвешката репрезентација нема да игра на двата клучни натпревари за пласман на Мундијалот во Катар.

Потврда дека ќе биде отсутен од дуелите против Летонија на домашен терен на 13. номеври и со Холандија три дена подоцна во Амстердам има и од норвешкиот табор.

„За жал Ерлинг нема да игра за нашата репрезентација на двата последни и клучни натпревари за Мундијалот во Катар“, објави и Ола Санд, главниот доктор во репрезентацијата на Норвешка.

Халанд е најдобар стрелец на норвешката репрезентацијата во квалификациите за СП со пет гола.

Норвежаните на две кола до крајот се втори во Г групата со 17 бода, два помалку од лидерот Холандија и два повеќе од Турција, во кругот на трите кандидати што имата шанси за пласман на Светското првенство.

Само првопласираната селекција ќе обезбеди директен пласман на шампионатот во Катар идната година, а второпласираната ќе игра бараж дуели за три дополнителни место што ги има Европа за Светското првенство.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести