Голем интерес за Шпанците од Реал кои не се репрезентативци

Во Реал Мадрид има неколку добри шпански фудбалери кои сезонава играат одлично, но не се дел од шпанската репрезентација, а тоа не значи дека никој не ги следи нивните партии во белиот дрес. Напротив, гиганти на европскиот фудбал се интересираат за нив.

Се појави информација дека европскиот првак Баерн Минхен почнал преговори со Лукас Васкес, крилото кое може да игра и како десен бек. Договорот на 29-годишниот Васкес истекува летово. Тој сака да остане во Реал, но клубот не му нуди задоволителен нов договор, па можно е да дојде до разделба.

Иско е во лоша форма, но Интер кој е фаворит за титула во Италија, би сакал да го види плејмејкерот во своите редови. Реал без проблем би го продал Иско кој е непотребен во формацијата на Зинедин Зидан, и игра само кога е долга листата на повредени.

Голем интерес има за Начо. Централниот дефанзивец игра одлично, на многу мечеви на кои тој играше на местото на повредениот Серхио Рамос, Кралскиот клуб не прими гол. Но, борбениот Начо има договор до 2022, па ако некој сака да го купи летово, ќе треба да плати и отштета. Се шпекулира дека за Начо се интересираат Ливерпул, Јувентус и Рома.

- Оглас -

Најнови вести