Голем малер: Тешка повреда на Костадинов, можеби нема да игра до Нова година!

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов, во кого актуелниот селектор Благоја Милевски има голема доверба и речиси секогаш го става во почетниот состав, викендов се здобил со една од најтешките повреди во спортот, скинати предни вкрстени лигаменти на коленото.

Ова значи пауза од минимум шест месеци, а потоа зависно од тоа како одело закрепнувањето и додека да се врати во ритам, ќе помине уште некое време, па за Тихо добро би било ако се појави на терен пред крајот на 2022 година.

Костадинов е член на полски Пјаст, а се повреди на меч против Горник. Ова значи дека Костадинов нема да игра на претстојните дуели во јуни и септември од Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести