Голем пожар го зафати стадионот во Тетово, изгореа и столчиња (Видео)

Тетовските пожарникари синоќа гаселе пожар што избил под трибините на градскиот стадион во Тетово. Се запалил еден дел од поттрибинскиот простор, со деловна намена, како дуќани или работилници, а изгореле и дел од столчињата на главната трибина.

Нема повредени во пожарот, кој избил во 20.35 часот, а е згаснат во 21.45 часот.

„На почетокот бевме доведени во опасност поради таканаречена појава на „фрлање на струјата“, односно ненадеен проток, кратки споеви и мали експлозии. Бидејќи водата е спроводник на електрична енергија, не можевме веднаш да интервениравме, па тоа беше направено откако беше исклучена струјата. Употребивме вода со пена за да се спречи понатамошното ширење на огнот. Изгореа и дел од столчињата на стадионот“, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна, за „Тетово инфо“.

Снимка од пожарот може да погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести