Пред вас е голем предизвик: Неколку дерби-дуели во ова коло на Спортска прогноза

Големото лондонско дерби меѓу Тотенхем и Арсенал треба да биде во фокусот на вниманието на претпоследното 33-то коло на Спортска прогноза. Двете екипи уште имаат шанса за пласман во европските купови, но реално успех ќе биде ако бидат дел од Лигата на Европа. Буквално сите три знаци се реална опција ако се знае дека во последните шест меѓусебни средби двата тима имаат по две победи, а два меча завршиле нерешено. Тотенхем игра на свој терен, но и тоа не е некоја голема предност ако се знае дека се игра без публика.

Освен лондонското дерби, има уште 12 интересни мечеви на кои треба да прогнозирате. Доколку успеете да погодите „Среќна 13-ка“, вие ќе бидете освојувач на мобилен телефон IPhone XS. За 12 и 11 погодени следуваат вредносни ваучери од Sport Life oд по 1.000 и 500 денари.

Оваа игра е бесплатна, па едноставно нема што да загубите, но може позитивно да бидете изненадени.

Не го пропуштајте ова коло затоа што бодовите од секое коло се пресметуваат во Генералниот пласман. За најдобриот во Генералниот пласман на крајот од сезоната ќе следува ТВ смарт од 48 инчи, а ќе има убави подароци и за пласираните од второто до петтото место на крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести