Голем удар за Ајакс – Нерес мора на операција и на пауза до Нова година

Давид Нерес, крилниот играч на Ајакс, го повреди коленото на мечот против Челзи во Лигата на шампионите, па ќе мора да оди на операција и за него полусезоната е завршена.

Тоа е голем удар за амбициите на Ајакс бидејќи 22-годишниот Бразилец е важна алка во играта на Копјаниците. Нерес мораше да го напушти теренот на „Стемфорд бриџ“ во 72-рата минута, а според проценките, нема да може да игра до Нова година.

Должината на паузата сепак ќе се знае поточно по операцијата на коленото. Нерес е трет стрелец на Ајакс во холандското првенство и вкупно седми со шест гола.

Лани блескаше во фантастичната авантура на еден од најмладите и најталентирани тимови во Европа, а со игрите заслужи и повик во бразилската репрезентација, за која има пет меча.

- Оглас -

Најнови вести