Голем удар за Барселона: Еден од најдобрите светски голмани ќе паузира три месеца!

Еден од најдобрите светски голмани во моментов, Германецот Марк-Андре тер Штеген, ќе отсуствува од фудбалските терени околу три месеца бидејќи ќе мора да биде подложен на оперативен зафат на грбот. Тоа значи дека екипата на Барселона ќе мора без него да се обиде да стигне до врвот на Ла Лига.

Тер Штеген отсуствуваше и на последните три натревари, против Порто во Лигата на шампионите и против Атлетик Билбао и Рајо Ваљекако во домашното првенство, а помеѓу стативите на Каталонците го менуваше одличниот Ињаки Пења.

Германскиот голман веќе подолг период има проблеми со грбот откако се повреди на собир на репрезентацијата и се обидуваше болките да ги реши без операција, но на крајот се покажа дека тоа не е можно.

Тер Штеген пристигна во Барселона пред девет години од Борусија Менхенгладбах за 12 милиони евра. Минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Ла Лига, а со Каталонците освои по пет првенста и купови на Шпанија, како и еден трофеј од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести