Голем удар за Барселона: Левандовски нема да игра против Реал Мадрид!

Барселона синоќа загуби од Алмерија во првенствен дуел од Примера дивисион, но освен трите планирани бода, каталонскиот гигант загуби многу повеќе. На овој меч се повреди Роберт Левандовски, кој ги одигра сите 90 минути, но со болна гримаса на лицето го напушти теренот.

По направените прегледи било констатирано дека Левандовски има проблеми со бутниот мускул и дека ќе мора да паузира најмалку 14 дена. Тоа значи дека Полјакот нема да игра на Ел Класико в четврток, кое е во рамките од полуфиналето на Купот на Шпанија. Голгетерот на Барселона нема да игра ниту на следните две првенствени средби против Валенсија и Атлетик Билбао.

Левандовски би требало да биде подготвен за 19 март, кога повторно се игра Ел Класико против Реал Мадрид, но овојпат во првенството, дуел кој може многу да реши околу трката за шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести