Голем удар за Словенците – Од репрезентацијата се откажа втората НБА-ѕвезда

Горан Драгиќ се откажа од настап за репрезентацијата на Словенија за квалификацискиот турнир во Литванија, што ќе одлучува кои селекции ќе играат на Летните олимписки игри во Токио.

Словенците се во групата Б со Полска и Ангола, а Литванците, Јужна Кореа и Венецуела се во групата А во битката за место на ЛОИ.

„Чувствувам замор и моето тело веќе не може да поднесува дополнителен напор. Кога бев помлад со радост доаѓав да играм за репрезентацијата на Словенија и кога имавме и лош и добар тим. Сега е време помладите да играат, а имаат и вистински лидер во Лука Дончиќ. Имаме одличен тим што може да се пласира на олимписките игри“, изјави Драгиќ.

Тој имаше проблеми со повредите и оваа сезона и пропушти десеттина натпревари за Мајами хит, но сега игра, и тоа одлично. Драгиќ има 33 години, а ја предводеше Словенија до најголемиот кошаркарски успех со овојување на титулата на ЕП 2017. Тогаш Драгиќ беше прогласен за МВП на турнирот.

 

- Оглас -

Најнови вести