Голема чест за нашиот репрезентативец, Динамо со специјален дрес за Адеми

Капитенот на загрепски Динамо, Аријан Адеми, зимава беше на чекор од заминување, интерес имаше од Бетис и Ал-Наср, но македонскиот репрезентативец му остана верен на својот клуб. Сега Модрите имаат големи шанси да го задржат Адеми кај себе до крајот на кариерата, а во знак на благодарност хрватскиот првак му понуди подобар договор и му направија посебна „лимитирана едиција“ на дресови.

„Идејата беше на клубот, а јас сам го дизајнирав дресот, само не ме прашувајте како, хахаха. Ќе си земам еден дрес за мене. Не знам дали се малку или многу овие 199 дреса, не знам дали некој ќе сака да купи, ќе видиме“, рече Адеми.

На ракавите на дресот ќе го најде ликот на Адеми, а цената на овие дресови ќе биде 799 куни, што е околу 107 евра.

- Оглас -

Најнови вести