Руџери преку социјалните мрежи си го бара дресот од финалето на Мундијалот во 1986

Поранешниот аргентински репрезентативец Оскар Руџери преку социјалните мрежи го замоли човекот кој го има неговиот дрес со којшто играше во финалето на Мундијалот во 1986 година да му го врати. На СП во Мексико пред 34 години Аргентина стана светски првак, а во финалето на 29 јуни, во кое Гаучосите ја победија Германија со 3-2, дресот на Руџери беше искинат во десниот ракав при еден дуел со Ханс Петер Бригел.

„Го барам дресот со број 19 кој многу ми значи. Тој ден во Мексико ми беше најубав во животот како фудбалер. Дресот имаше искинат ракав. Би сакал да го сретнам човекот кој го има дресот. Благодарам“, напиша ексдефанзивецот Руџери.

Руџери додава дека од радост што станале светски прваци, ги фрлиле и дресовите и остатокот од облеката, па дресот е кај некој аргентински фан кој сега сигурно е во зрели или постари години.

Многу фанови му напишале пораки, а најенигматична порака дошла од Еквадор, каде што тврделе дека знаат каде е дресот. Во 1986 година играчите немаа повеќе гарнитури, па затоа Руџери остана без единствениот дрес со кој стана светски првак.

- Оглас -

Најнови вести