Голема победа на Калјари, Аталанта се врати на второто место

Калјари забележаа голема победа за опстанок против Беневенто во директен дуел на два кандидати за испаѓање, попладнево во меч од 35. коло во Серија А.

Клубот од Сардинија поведе во првата минута, а клучни беа головите на Паволети и на Жоао Педро во второто полувреме, со кои гостите славеа со 3:1 и имаат четири бода предност пред Беневенто на три кола до крајот на шампионатот.

Аталанта се врати на втората позиција на табелата со убедлива победа од 5:2 против испадната Парма. Бергамашите имаат 72 бода и добра позиција во битката за настап во Лигата на шампионите.

Во третиот меч денеска што се играше од 15 часот Верона и Торино одиграа нерешено 1:1, па и Биковите се блиску до опстанок во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести