Голема тага, од корона почина човекот кој го даде единствениот гол за Ирак на Мундијалите

Како компликации предизвикани од коронавирусот, на 56-годишна возраст почина Ахмед Ради, творецот на единствениот гол за Ирак на светските првенства. Ради на Мундијалот во Мексико во 1986 година, постигна гол против силната Белгија која дојде до полуфиналето на тоа СП, а засега тоа е единствен гол за Ирачаните на најважниот фудбалски настан.

Ради за својата селекција одигра 121 меча и даде 62 гола, а во 1988 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Азија. Во последните десетина години, тој беше политичар.

- Оглас -

Најнови вести