Голема трагедија ја засени победата на Лајпциг против Хофенхајм

Лајпциг се пласира во четвртфиналето на Купот на Германија откако со 3:1 славеше над Хофенхајм на домашен терен. Иако победата беше лесно одработена, на трибините немаше голема радост, а причина за тоа е ситуацијата која се случи непосредно пред мечот.

На еден навивач на домаќините му се слоши и мораше да реагираат лекарите. Веднаш започнале со реанимација, а потоа бил пренесен и во болница. Сепак, и покрај сите напори на лекарите, навивачот починал.

- Оглас -

Најнови вести