Големи попусти во Sport Life маркетот, да навиваме заедно за Македонија и РК Вардар

Следниве неколку дена во центарот на спортското внимание ќе бидат фудбалската репрезентација на Македонија и ракометниот клуб Вардар. Фудбалерите задутре ќе ги започнат квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. Прв противник ни е Летонија, а мечот се игра на арената „Филип Втори“. Македонија е голем фаворит и тоа е одлична шанса да се стартува со победа во квалификациите. 


СО ДРЕС НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДА СЕ ПОЗДРАВИ И ЈУБИЛЕЈОТ НА КАПИТЕНОТ ПАНДЕВ
Овој меч ќе биде посебен и за капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. Популарниот Гоче ќе го одигра јубилејниот 100-ти натпревар во националните бои. Досега тоа го има направено само Гоце Седлоски. За да ја бодриме Македонија, но и да се поздрави јубилејот на Пандев, треба трибините на стадионот да бидат исполнети, а најубаво се навива во дрес од репрезентацијата на Македонија. По овој дуел, веќе в недела, Македонија ќе гостува кај Словенија во дуел од второто коло од квалификациите.
Единствена можност да се снабдите со официјален фудбалски дрес од ФФМ ви нуди Sport Life маркетот. За сите обложувачи во Sport Life обложувалниците, од денеска, па до понеделник (25 март) има голем попуст. Дресот кој чинеше 178.400 поени, во следниов период ќе може да се добие само со 120.000 поени на Sport Life картичката.



ПОЧНУВА НАЈВАЖНИОТ ДЕЛ ЗА ВАРДАР ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Освен фудбалските квалификации за ЕП 2020, в сабота стартува и најважниот дел од Лигата на шампионите за ракометарите на Вардар. „Црвено-црните“ шампиони в сабота ќе гостуваат во Хрватска против Загреб, во првиот меч од осминафиналето во елитната лига. Вардар треба да направи добар резултат на ова гостување, па потоа на 30 март пред своите навивачи во „Јане Сандански“ да го потврди пласманот во четвртфиналето. И за овој голем настан следува попуст во Sport Life маркетот. Ракометниот дрес од Вардар наместо 120.000 поени, од денеска, па до понеделник ќе може да го добиете само за 80.000 поени.
- Оглас -

Најнови вести