Големи се разликите, двоцифрени победи за Алкалоид, Тиквеш, Вардар и Пелистер

Во македонската ракометна Суперлига, главните фаворити во денешните мечеви ја оправдаа улогата, и победуваа со повеќе од десет голови разлика.

Во групата А, Алкалоид беше доминантен против Аеродром и победи со 44-30, а Тиквеш на гости го победи Куманово со 27-16. Драма имаше во Охрид, каде домашните направија пресврт во вториот дел и го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 24-22.

Во групата Б, првакот Еурофарм Пелистер немаше проблем со Вардар Неготино и победи со 32-17, додека Вардар 1961 кој е прв на табелата, го надигра Прилеп со 35-22.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести