Големи се шансите Меси вечерва да добие жолт картон

Лионел Меси е во одлична форма во 2021 година, па вечерва на гостувањето кај Реал Сосиедад тој ќе биде најголема опасност по голот на баскискиот тим, и затоа квотата во Sport Life дека Аргентинецот ќе даде гол е „само“ 2.00, помала од коефициентите кај другите потецијални стрелци.

На 18 меча, Меси има 17 гола и седум асистенции, а на „Аноета“ во Сан Себастијан најверојатно ќе се потруди и да направи нешто што ќе го испровоцира судијата да му додели жолт картон. Меси има четири жолти картони и му фали уште еден да заработи суспензија. Вечерва му е шанса да пожолти, и да го прескокне следниот лигашки дуел, оној со Валјадолид на 4 април.

Ако игра со Валјадолид, Меси тогаш нема да смее да направи жолт картон, бидејќи тоа би значело отсуство од „Ел Класико“ против Реал Мадрид, во еден од клучните мечеви за титула. Ако вечерва добие картон, Меси ќе има одмор од три недели, бидејќи квалификциите во Јужна Америка се одложени, па тој уште од утре ќе може да се фокусира на гостувањето кај Реал на 10-ти април. Негативно е што неиграњето три недели може да го исфрли од натпреварувачки ритам, па останува да се види дали ќе ризикува.

Освен Меси, четири жолти картони има и Френки Де Јонг, па и за него не би било лошо да добие жолт картон вечерва, за да биде сигурен дека ќе игра против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести