Големиот Леброн Џејмс досега не доживеал вакво понижување од своите навивачи (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс играат катастрофално во овој период од сезоната и го доведоа во прашање настапот во плејофот по серијата неуспеси.

Иако овој тим се вбројуваше меѓу еден од најголемите фаворити бидејќи во составот ги има Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Кармело Ентони и Расел Вестбрук, во моментов е на деветтото место на Западната конференција.

Барем засега е во дополнителниот плејин турнир, но по поразот од еден од ривалите, Њу Орлеанс пеликанс со 90:123, ситуацијата се искомплицира.

Навивачите го губат трпението, а на последната средба се слушаа и силни свирежи кога Лос Анџелес тргна во напад. Потоа се појавија и неколку видеа на коишто се гледа како Леброн и Вестбрук се расправаат со навивачите во „Крипто арената“.

- Оглас -

Најнови вести