Големиот талент на Челзи едвај го чека новиот газда, треба да му ја зголемат платата за дупло

Мејсон Маунт е играчот на Челзи што со нетрпение чека да заврши тансферот на власта и Тод Боели да стане нов сопственик на клубот од Лондон за да започне преговори за зголемување на платата.

На 23-годишниот талент на Челзи му е ветено дека ќе добие повеќе од двојно зголемување на неделната плата, која сега изнесува 80 илјади фунти, па би добивал приближно околу 200 илјади фунти за една седмица фудбал.

Маунт има понуди од неколку фудбалски гиганти, најзаинтересиран е Реал Мадрид, нотој сака прво да преговара со Челзи, односно со новиот сопственик Боели.

Трансферот на власта мора да се случи до 31. мај, а поттик за да се среди работата во Челзи, вчера даде раководството на Премиерлигата, со соопштение во кое е објавено дека дава зелено светло за американскиот бизнисмен да биде нов сопственик на клубот од Лондон.

Договорот на Маунт со Челзи важи до 2024 година, но се очекува нов со многу подобра плата за англискиот репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести