Големиот талент на Реал Мадрид што играше и за ПСЖ ќе настапува во Сегунда дивизија

Хесе Родригес ќе игра за Лас Палмас во Втората шпанска лига, или популарната Сегунда до крајот на сезоната. Пристигна во клубот од родниот град како слободен играч со кус договор до јуни годинава и се очекува да биде големо засилување.

Хесе има 27 години и доби раскин на договорот со Пари Сен Жермен, што му траеше до ова лето, откако популарните Светци го купија од Реал Мадрид во 2016 година за 25 милиони евра.

За францускиот првак одигра само 12 натпревари, а честопати беше позајмуван во други клубови. Играше и за Реал Мадрид од 2011 до 2016 година како еден од најталентираните играчи во Европа во неговата генерација. Кариерата не се развиваше како што се очекуваше од него, па ПСЖ дури четирипати го позајмуваше Хесе.

Сефте направи токму во Лас Палмас, како позајмен играч за него настапуваше во 2017 година, а потоа истата ситуација и статус го имаше во Стоук, Бетис и Спортинг Лисабон.

Хесе ги мина и сите селекции на Шпанија во младинските категории, но нема настап за сениорската репрезентација на Црвената Фурија.

 

- Оглас -

Најнови вести