Големиот талент потпиша нов договор со Барселона, откупната клаузула е неверојатна

Шпанскиот првак Барселона не остави ништо на случајноста и го продолжи договорот со талентираниот Ансу Фати. Тинејџерот кој има само 17 години се согласи да остане на „Камп ноу“ до 2022 година.

Откупната клаузула на Фати е посебна приказна. Досегашната откупна клаузула беше 100 милиони евра, а сега таа е зголемена за 70 милиони, односно 170 милиони евра. Интересно е што сумата за предвремено раскинување на договорот на Фати со Барселона ќе се зголеми повеќе од двојно кога тинејџерот ќе наполни 18 години.

Кога ќе стане полнолетен, Фати ќе може да потпише професионален договор со првиот тим на Барселона, а откупната клаузула тогаш ќе изнесува 400 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести