Големите спортски ѕвезди со безвременски хит покажаа колку им недостасуваат навивачите (видео)

Познатите фудбалските ѕвезди како Нејмар, Килијан Мбапе, Џошуа Кимих, Лирој Сане, но и членови на Бруклин нетс, на одличен начин покажаа колку им недостасуваат навивачите кои ги оставија трибините на стадионите и спортските сали празни поради пандемијата со корона-вирусот.

Сите тие ја изрецитираа една од најпознатите строфи во музичката сфера, „Нема сонце кога ти не си тука“, или оригинално „Ain’t no sunshine when she’s gone“ од безвременскиот хит на Бил Витерс кој ја испеа песната уште во далечната 1971 година.

Инаку, ова е спроведена реклама на „Катар ервејс“, но делува одлично и направено со доста емоции.

https://twitter.com/FCBayern/status/1365237695950249984

https://twitter.com/BrooklynNets/status/1363994982395367425

https://twitter.com/qatarairways/status/1364960846628216844

 

- Оглас -

Најнови вести